top of page

Планети

Планети има десет. Планетите во знаците ни зборуваат за особините и карактерот на личноста, на кој начин го доживуваат она што планетата го претставува, а планетите низ куќите зборуваат за случувањата, т.е. на кое подрачје се манифестираат.

Сонцето има семејство од девет планети кои орбитираат околу него, а тоа се: МеркурВенераЗемјаМарсЈупитерСатурнУранНептун и Плутон, чијашто оддалеченост од Сонцето е по тој редослед. Нивните орбити лежат приближно на иста рамнина. Поставеноста на планетите и нивните заемни врски ја претставуваат основата на астрологијата.

Сонце

Ова е активен принцип, импулс, енергија и можност да како поединци оставиме впечаток, да ја изразиме креативноста и да добиеме признание од другите. Ова покажува инидивидуална креативност. Во личниот хороскоп, ова е место каде што природно зрачиме енергија и автономија. Ова е база на нашите особини. Симболизира индивидуалност, сила, авторитет, моќ, амбиции и достоинство. Ја претставува машката енергија и таткото.
Во знаците зборува на кој начин личноста пристапува кон животот, како се искажува и докажува.
Во куќите зборува за тоа што ни е најважно во животот, на што сме ориентирани и во која област сме најјаки.
Каде што е Сонцето, тоа е областа на искуство и доживување, но од аспектите зависи дали тие искуства ќе се убави, успешни, тешки или болни.

Месечина

Ова е пасивен принцип, начин на кој интуитивно и енергично се согласуваме со околината и светот. Ја регулира сензитивната природа и изразувањето на чувствата. Претставува потреба за грижа и емоционална безбедност. Укажува на она што е скриено, променливо, нестабилно, потсвесно. Ова е симбол на женската енергија, мајка, фамилија чувства. Ја опишува мајката.
Во знаците зборува за тоа какви потреби имаме, како се доживуваме себеси и како реагираме на се околу себе, на каква навики сме склони и какви ни се потсвесните реакции.
Во куќите ни укажува на кое подрачје (област) реагираме инстинктивно, каде чувствуваме дека припаѓаме, каде бараме сигурност и утеха и каде може да употребиме фантазија.
Аспектите ни покажуваат дали тие чувства се добри или лоши.

Меркур

Ова е ментален принцип, импулс за говорна или писмена комуникација. Опишува пристап кон учење, начин на апсорпција на знаењето. Влијае на нашите мисли, распознавање, сфаќања и изразување. Претставува снаодливост, промена, патување, комуникација, нервоза.
Во знаците зборува како комуницираме и размислуваме, на кој начин ги искажуваме интересите и како пристапуваме кон новите работи.
Во куќите покажува на кои подрачја (области) се усмерени нашите интереси, каде може да ги искажеме своите способности и каде ја бараме смислата на животот.
Од аспектите зависи како ќе го манифестираме она за што размислуваме и како ќе се искажеме.

Венера

Владее со сите видови на врски. Ја симболизира желбата да се сретнеме со другите, да воспоставиме хармонија со нив преку она што го имаме заедничко. Поврзана е со потребата да се привлече шарм и физички изглед. Владее и со материјалната ситуација. Се однесува на чувствата, љубов, слога, задоволство, уживање. Исто така, претставува лепота, чувство на среќа, женственост. Во машкиот хороскоп ја претставува жената која мажот го привлекува и возбудува.
Во знаците укажува како нешто доживуваме, како се однесуваме спрема чувствата и како реагираме на љубовен план.
Во куќите зборува за тоа во кое подрачје (област) се чувствуваме удобно, во што уживаме, каде се нашите таленти и што најмногу сакаме. Влијае на се што е поврзано со емоциите.
Аспектите ќе покажат дали емоциите се добри или лоши, дали уживаме или страдаме.

Марс

Управува со самоизразување, инстинкт за преживување. Ни дава храброст да се залагаме за нашите права и покрај опозицијата и критиката. Ја опишува нашата волја, она према кое чувствуваме страст и колку ќе сме успешни во исполнувањето на нашите цели. Дава слика за она што не возбудува на интимен план. Го претставува машкиот принцип, сексуалноста, желбата, страст, снаодливоста, иницијатива, храброст, издржливост. Во женскиот хороскоп покажува каков тип на маж ја привлекува жената.
Во знаците зборува како се докажуваме, на кој начин ги изразуваме желбите и колку сме верни.
Во куќите зборува за тоа во кое подрачје се насочени нашите желби, каде вложуваме напори, за што се трудиме, што не прави немирни и каде има закани.
аспектите покажуваатдали енергијата ја користиме позитивно или негативно, дали сме продуктивни или работиме погрешно.

Јупитер

Оваа планета не учи дека богатството и среќата не се постигнуваат со земање, туку со давање. Проблемите со оваа планета, ние сами ги створаме. Претставува великодушност, добро расположение, среќа, друштво, углед, далечно патување, духовност. Претставува исто и образование, добри прилики, идеали, среќни околности и заштита. Мора да веруваме и да имаме надеж.
Во знаците укажува на кој начин се развиваме, како веруваме и како ги применуваме дадените прилики.
Во куќите зборува за подрачјата во кои можеме да доживееме успех и каде чувствуваме олеснување, пријателски влијанија и помош.
Аспектите покажуваат дали ќе се постигнат целите или сето тоа е злоупотребено.

Сатурн

Претставува квалитет на дисциплина и самоконтрола. Без него ќе ни недостига трпеливост, концентрација и организација, кои се неопходни за остварување на целите. Кога е негативен, не ограничува да ги достигнеме социјалните положби, носи амбиција и самоконтрола. Ова е планета на сериозност, самодисциплина, упорност. Укажува на тешки и болни ситуации, искушенија, депресии, тага, учење на грешките, губиток.
Во знаците покажува како се однесуваме спрема ограничувањата, какви блокади не очекуваат и колку сме издржливи.
Во куќите зборува за ограничувањата, каде да ги прифатиме тешкотиите и да се соочиме со нив, , каде да учиме низ напори и тешкотии.

Аспектите покажуваат дали ќе имаме успех низ истрајност или ќе сме жртви на тешки удари од судбината.

Уран

Планета на слободата. Дава поттик за нови искуства. Планета на големи и интензивни промени, хуманост. Укажува на оригиналност, возбудувања, нагли успони и падови. Покажува на кој начин доживуваме промени.
Во куќите покажува на кое подрачје ќе ни се случуваат промените, каде ќе имаме осцилации и на која област сме спремни за соработка со околината,
Аспектите зборуваат дали промените кои ги доживуваме се добредојдени и колку не развиваат или не туркаат во непосакувани и шокантни промени кои предизвикуваат трауматични искуства.

Нептун

Владее со емпатија. Планета на хаос, илузија, измама, фантазија, интуиција, видовитост, осетливост на лекови, зависност, алкохол, дрога, телепатија, мистерија, хипноза. Означува и романтика, бегство од реалноста, музика, вода.
Во знаците само дава знак како се однесуваме спрема потсвесните влијанија.
Во куќите зборува за тоа во кое подрачје сме најкреативни, најјаки, што ни е сомнително, каде сме склони на измами и каде најмногу паѓаме под влијание.
Аспектите покажуваат дали влијанието на фантазијата и креативноста е позитивно или се работи за жртвување, подлегнување под лоши влијанија и имагинарен свет.

Плутон

Најмноќната сила на доброто и лошото. Поврзана е со крајности, чувства, ставови и однесувања, депресија, фрустрација, тајни, разделби, психолошки стравови, харизматичност. Укажува на преобразба, опсесии, криминал, насилство, потреба за длабоки промени.
Во знаците не делува.
Во куќите укажува каде се случува преобразба во ставовите, кога се развива свеста и каде, во кое подрачје може да откриеме тајни и каде се јавуваат животните проблеми.
Аспектите ќе покажат дали ќе завладееме со некоја ситуација или ќе станеме робови на судбинските влијанија и жртва на сопствените стравови.

Планетите, претставени со еден збор кој ги карактеризира: 

Сонце – Его
Месечина – Емоции
Меркур – Комуникација
Венера – Љубов
Марс – Акција
Јупитер – Експанзија
Сатурн – Ограничување
Уран – Бунтовање
Нептун – Фантазија
Плутон – Трансформација

Thank you for subscribing!

Thank you for your support!

Donate with PayPal

© 2020 by The Astrology Code

bottom of page