

The Astrology Code
Everything you need to know
Астролошки куќи

Куќите ни покажуваат во кои области од животот нешто ни се случува. Кога во некоја куќа имаме многу планети, таа област (подрачје) е посебно активна низ случувањата кои ги одредува таа куќа. Доколку некоја куќа е празна, тоа значи колку е нагласена.
Куќите се делат на:
1. Аголни (1,4,7,10) – се однесува на активност. Ако се нагласени овие куќи, личноста е отворена, верна, спремна за делување.
2. Следни (2,5,8,11) – се однесуваат на стабилност. Ако се нагласени овие куќи, личноста е смирена, со пасивно делување, има чувство на сигурност.
3. Паѓачки (3,6,9,12) – се однесуваат на учењето. Ако се нагласени куќите, личноста има потреба за разбирање и да се освести за тоа што го има научено.
Огнени куќи (1,5,9) – ја нагласуваат потребата за личните исполнувања, активните делувања, изразување на индивидуалноста.
Земјени куќи (2,6,10) – го нагласува материјалното, потребите, се однесува на чувство на сигурност.
Воздушни (зрачни) куќи (3,7,11) – означуваат разбирање, се однесуваат на друштвените влијание, имаат потреба за откривање и истражување.
Водени куќи (4,8,12) – се однесуваат на потсвесни делувања, емоционалност, укажуваат на потребата за решавање на минатото и препуштањето на внатрешните чувства.
Поделба на куќите
Прва куќа - Раѓање, почеток на животот, личност и квалитет, изглед, физичко тело, индивидуалност, свест за себе.
Втора куќа - Однос према материјалните вредности, пари, заработка, стекнување сигурност и стабилност, вредност.
Трета куќа - Детство, почетно стекнување на знаење, аналитички ум, кратки патување, браќа, сестри, опкружување, промет, однос према промени, комуникација, информации.
Четврта куќа - Куќа, роден крај, држава, имот, родители, основна животна сигурност и заштита, недвижнини.
Петта куќа - Лично изразување, креативност, сексуалност, снага на волјата, лична реализација.
Шеста куќа - Работа, работно место, здравје, служење на други личности и целите кои се за повисоко добро.
Седма куќа - Односи со другите, партнерства, животен партнер, јавност, врски.
Осма куќа - Смрт, регенерација, пари кои доаѓаат низ наследство, туѓи вредности, хонорари, поддршка од јавноста.
Деветта куќа - Високи знаења, филозофија, високо образование, долги патувања, странство, живот далеку од родниот крај, законодавство.
Десетта куќа - Успех во кариера, највисоки амбиции, врв на животна смисла, однос према авторитет.
Единаесетта куќа - Идеали, однос према друштво, надежи, желби, пријателства, однос према природна и друштвена хармонија, пари од социјални работи, колективна свест, утопија.
Дванаесетта куќа - Резултати на минати делувања, крајно ослободување или рестрикција, болници, затвори, држава, државни институции, манастири, црква, колективно потсвесно и надсвесно, потполна трансценденција на егото.