top of page

Астролошки аспекти

Оддалеченостите мегу планетите се викаат аспекти. Се делат на позитивни и негативни т.е. оние кои нешто ни олеснуваат, овозможуваат и помагаат и оние кои ни предизвикуваат препреки, напори, проблеми. Кога две планети ќе се најдат во некој аспект, зависно од неговата природа, се прави енергетски тек и ни покажува какви се потенцијалите на нивното делување. Во хороскопот е важно кои аспекти преовладуваат, а доколку некој аспект недостига, тоа ќе се осети во личноста на поединецот, во делувањата и животните ситуации.
Аспектите се делат на главни и споредни. Главните ни даваат јасна слика за влијанијатана секоја планета, дали се манифестира на добар или лош начин и дали постојат хармонични протоци на енергија, додека споредните прикажуваат одредени нијанси во особините и случувањата. Овде се објаснуваат влијанијата на главните аспекти кои ги има вкупно пет.
Орбис е отстапување кое е прифатливо за делувањето на аспектот, што значи дека е дозволен одреден број на степени пред или после точното формирање на аспектот. Дозволениот орбис е +/- 5о за сите планети, а за светлата (Сонце и Месечина) до 7о.


Секој аспект може да е апликационен, егзактен или сепарационен.
Апликационен е аспект кој влегува, кој тек треба да се формира во полна снага и укажува на можности кои може и треба да ги искористиме.
Егзактен е полн аспект во кој планетите се на прецизни оддалечености и најчесто се однесуваат на карактерните особини и судбинскиот тек.
Сепарационен е одделувачки аспект кој е во минување. Покажува тежина, неодлучност, одолговлекување и се што тешко се исполнува или останува неисполнето.

Конјукција 0 степени (Орбис 8 степени)
Заедничко дејствување на силите, но крајниот ефект (хармоничен или не), зависи од нивната природа. Силен аспект, бидејќи делувањето на планетите е појачано.
Аспект од 0 степени, што значи дека планетите се наоѓаат на исти степен или во дозволениот орбис од 0 степени. Конјукцијата е најјака од сите аспекти, бидејќи нагласува одредено подрачје и затоа е важно во кој знак и во која куќа се случува тој аспект, особено ако има повеќе од две планети. Може да е добро и лошо делување , зависно од природата на планетата која се наоѓа во конјукцијата. Ако во аспектот се најдат две добри планети, нивното влијание ќе биде посилно, нагласени среќни околности, а енергијата усмерена на позитивни случувања. Доколку се најдат две лоши планети, влијанието е тешко и обично е нагласен некој проблем во тоа подрачје. Ако се работи за добра и лоша планета, позитивната ќе се чувствува загрозено, под притисок и нема да може да делува во право светло, додека негативната ќе делува подобро, нема да е толку многу изразена нејзината негативна страна, но сепак тоа е аспект на напор и фрустрација. Конјукцијата е аспект за природата на планетата за која се работи, нивните енергии се спојуваат и делуваат заедно. Нагласена конјукција дава концентрација на енергијата на одредено подрачје, но тоа може да значи и преголема едностраност во животот. Ако нема ни една конјукција, тоа значи дека енергијата е распрскана на разни подрачја.

Секстил 60 степени (Орбис 6 степени)
Носи талент, а неговото ветување мора да се реализира. Складирање на енергии.
Аспект од 60 степени, спаѓа во позтивини аспекти, со благо делување, бидејќи ова е пријателски аспект кој укажува на одредени потенцијали, можности, прави пригоди за ослободување од напнатости, но сепак ова е аспект кој бара одредено развивање, а до успех доаѓа со сопствената активност. Ни дава разбирање за некои ситуации и чувство на удобност. За да биде исполнет овој аспект, ни треба доза самоувереност, бидејќи без некои конкретни усмерувања може да предизвика несигурност во личноста и неслога во дадени прилики, особено ако се чувствува несигурност. Нагласен секстил дава многу прилики, таленти кои можеме да ги искористиме и можност да се изразиме, но не се исклучени ни пропуштањата на дадените прилики. Ако нема ни еден секстил, личноста лесно се откажува од некои потези и си отежнува некои ситуации, но недостатокот на овој аспект не мора да се осети, доколку има тригон.

Квадрат 90 степени (Орбис 7 степени)
Укажува на тензија и конфликт. Квадратот е внатрешна тензија, а опозицијата е надворешна. Планетите делуваат една против друга. Со квадрат се учи да се канализираат енергиите, многу пати има пад и успон. Носи дисхармонија и поделба.
Аспект од 90 степени, спаѓа во негативни аспекти, бидејќи предизвикува немир, стрес и укажува на проблеми. Енергијата на овој аспект ја става планетата во предизвикувачки ситуации што носи борба, напнатост, криза. Со овој аспект се створа постојана потреба за акција, најчесто заради препреки со кои сме соочени и кои не можеме да ги одбегнеме. Укажува на внатрешни борби, но најчесто се однесува на животни ситуации кои мора да научеме да ги надминеме низ грешките и болните ситуации. Квадратот исто означува тежок карактер, незгодно однесување и разни ситуации во кои мора нешто да срушиме за да продолжиме напред. Во некои ситуации носи нешто корисно како потреба да се докажеме. Ни дава прилики за развој. Нагласен кадрат створа многу тешки ситуации и таква личност се чувствува како постојано да е пред ѕид и проживува тешки удари од судбината. Ако нема ниту еден квадрат, се случува да не можеме да постигнеме некои цели, бегаме пред проблемите, бидејќи не ги регистрираме на прав начин и немаме сила за да завземеме цврсти ставови.

Тригон 120 степени (Орбис 8 степени)
Хармонија. Планетите делуваат заедно и се подржуваат меѓусебно.
Аспект од 120 степени, делува поволно и ни ги олеснува ситуациите. Планетите кои ќе се најдат во тригонот се подржуваат меѓусебно за најдобрите можни влијанија. Ни овозможува се да завршиме со лесно, ни го прави животот среќен, ни пружи максимално поволни ситуации. Створа рамнотежа. Личност со полно тригони има многу среќа во животот, не мора многу да се труди за да постигне нешто, но секогаш заради тоа створа голема опуштеност, па таквите личности можат да станат пасивни и мрзливи. Доколку нема ниту еден тригон, често имаме чувство како ништо не ни оди од рака и дека нема излез од проблемите.

Инконјукција 150 степени (Орбис 5 степени)
Овде е потребно да се научи како да се адаптираат меѓусебно енергиите на планетите.
Аспект од 150 степени, благо неповолен кој створа напор, тежина во карактерот и делува иритирачки. Ова е аспект кој бара прилагодување, кој може многу да ни помогне доколку го прифатиме. Ни дозволува да се отстраниме од проблемот кој ни смета. Делувањето на овој аспект е потсвесно или прикриено. Знае да предизвика агресија и немир. Најмногу се гледа кај здравствените проблеми и затоа треба на ова да се посвети доста внимание, бидејќи може да биде неприметливо до моментот кога ќе пукне. Многу инконјукции ни даваат психолошки напорна личност, полан со барања, но и таква што бара разни решенија и прилагодувања, а недостатокот на овој аспект го отежнува прилагодувањето. Личноста тешко прифаќа нови ситуации и повеќе се занимава со лични околности, отколку што обраќа внимание на надворешните случувања.

Опозиција 180 степени (Орбис 8 степени)
Значи тензија и сомнеж за таа несигурност, чувство на вознемиреност. Планетите се во опозиција, а доколку се научат добро да се ускладат, може да се употребат како меѓусебна допуна. Личност со многу опозиции може да ги согледа работите од сите агли и да донесе рамнотежа.
Аспект од 180 степени, створа одвоеност, спротивност, внатрешна нерамнотежа и конфликтни ситуации. Таа делува како клацкалица, но ако личноста ги освести своите контрадикторности и се обиде да најде рамнотежа, може да делува разумно. Обединетоста на две диви страни може да даде многу поволности. Најчесто, личноста оди од крај до крај. Нагласена опозиција створа потреба за постојани спротивности. Кога немаме на кој да се спротивставиме, тогаш воочуваме контрадикторно однесување и промена на мислење која зависи од расположението. Ако нема ни една опозиција, малку тешко се воспоставуваат односите со другите.

Thank you for subscribing!

Thank you for your support!

Donate with PayPal

© 2020 by The Astrology Code

bottom of page